Кралот седна на тронот – Маестрална акција на Реал што ја круниса Винисиус јуниор, на Гранада не и помогна ни голот на Луис Суарес (Видео)

Реал Мадрид победи и на меч на кој Карим Бензема не постигна гол и сега Кралскиот клуб е нов лидер во Ла Лига, по триумфот со 4:1 против Гранада на гости.

Тимот што има најмногу титули во Шпанија, повторно ја има пол-позицијата, а интересно е шти ги има и двајцата најдобри стрелци во Ла Лига во моментов.

Првиот, Бензема со 10 гола, денеска не ја затресе мрежата на Гранада, но беше учесник во маестралната акција во 56. минута кога вториот најдобар стрелец во Ла Лига, Винисиус јуниор со осмиот гол сезонава ја круниса тика-така ремек-делото во кое учествуваше уште и Лука Модриќ.

Прекрасната акција и голот на Винисиус за 1:3 можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно, Асенсио и Начо му донесоа предност на Реал од 2:0 со голови во 19. и во 26. минута, а Луис Суарес намали на 1:2 во 34. минута.

Ферлан Менди со погодок во 76. минута ја запечати вредната победа на Реал за прво место со 30 бода по 13 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести