Франција води со 1-0 по првото полувреме против Полска во третото осминафинале на Светското првенство во Катар, а стрелец на голот беше Оливие Жиру кој го даде 52-риот гол за репрезентацијата на Франција и стана прв стрелец на сите времиња, оставајќи го зад себе Тјери Анри со кој до денеска го делеа првото место.
Жиру погоди во 45-та минута, а и претходно имаше огромна шанса да им донесе предност на Галските петли. И Полјаците имаа една супер шанса, но Зјелински не ја искористи, а и по одбиената топка Полска не се снајде, па голманот Љорис остана несовладан.
Љорис брани по 142-ри пат за Франција и се изедначи на првото место на вечната листа со Лилиан Турам.