Кралски потег на Реал Мадрид, потпиша со синот на починатиот шпански репрезентативец

Само неколку дена откако наполни 16 години, Хосе Антонио Рејес Лопес потпиша договор со Реал Мадрид. Овој млад фудбалер е син на некогашниот прославен шпански играч Хосе Антонио Рејес, кој пред четири години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Младиот Рејес дојде во школата на Реал Мадрид непосредно по трагичната смрт на неговиот татко. Во изминативе четири години, фудбалската кариера на тинејџерот се развива во вистинска насока, па како награда го доби и првиот професионален договор со Кралскиот клуб од Мадрид.

Таткото Хосе Антонио Рејес имаше блескава кариера во екипите на Севилја, Арсенал, како и мадридските Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Загина во јуни 2019 година, кога при голема брзина пукна гума на неговиот автомобил, а потоа загубил контрола над возилото и се случи трагедијата.

- Оглас -

Најнови вести