Трагедија – Во сообраќајка загина поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес

Голема трагедија се случи во Шпанија, а во сообраќајна несреќа животот го загуби поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес.

Рејес беше актуелен играч на второлигашот Екстрамадура, а имаше многу впечатлива фудбалска кариера со 21 настап за репрезентацијата на Шпанија.

Не се објавени детали од сообраќајката што се случила во близина на Севилја и во која денеска загина Рејес.

Едно од најдобрите крила во новиот милениум играше за познати клубови од калибарот на Севилја, Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Бенфика…

Освои пет титули во Европа Лигата, а играше и едно финале во ЛШ со Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести