Крамариќ станува легенда на Хофенхајм, Орбан спречи покомплетна радост

Лајпциг и Хофенхајм одиграа интересни 1-1 во меч од германската Бундеслига. Хофенхајм постави клупски рекорд од девет гостувања по ред без пораз.

„Биковите“ од Лајпциг, кои се тим со најдобрата одбрана во Бундеслигата, прими гол во 22-рата минута и за малку ќе ги снајдеше истата судбина како пред пет кола, кога ја пречекаа Борусија Дортмунд, од која загубија со 0-1. Ова е еден од најнеефикасните меѓусебни мечеви помеѓу овие два тима.

Андреј Крамариќ беше стрелец на голот за гостите, негов десетти сезонава. Хрватот трета сезона по ред во Бундеслигата има двоцифрен ефект според постигнати погодоци. Со 43 голови во Бундеслигата, Крамариќ заедно со Ведад Ибишевиќ се втори стрелци во историјата на Хофенхајм, зад лидерот Сејад Салиховиќ, кој има 46.

Изедначи Унгарецот Вили Орбан во 89-тата минута, а непосредно пред тоа, голманот на Лајпциг и негов сонародник, Гулачи, имаше фантастична одбрана и спречи 0-2.

Лајпциг да победеше, ќе се искачеше на трето место, но ја продолжи низата од пет кола по ред без пораз. И Хофенхајм пет кола не знае за пораз и полека оди кон зоната на табелата која води на европска сцена.

- Оглас -

Најнови вести