Победите на фаворитите во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа и во Лигата на конференции, му донесоа одлична добивка на обложувач од Кратово.
Тој во објект на Sport Life вчера уплатил тикет на кој имаше само три натпревари и направи квота од 3.445 која му донесе нето-добивка од 87.870 денари со уплата од само 30 денари.
Кратовецот на тикетот одиграл на двојна победа на фаворитите, а квотите се движеа од 11.7 до 17.2.
Првиот меч беше дуелот меѓу Легија Варшава и АЗ Алкмар кој заврши со триумф на полскиот тим од 2:0, но за среќа на обложувачот, беа постигнати по еден гол во двете полувремиња.
И Бешикташ на идентичен начин славеше на гостувањето кај Лугано. Тосун во 36-та и Серкан Емреџан Терзи во 88-та минута ја тресеа мрежата на швајцарскиот тим за победа од 0:2.
Последниот меч беше тој меѓу Раков и Аталанта на кој италијанскиот тим славеше со 0:4 притоа давајќи по два гола во двете полувремиња.