Англиските премиерлигаши се намачија за да продолжат понатаму во Лига на Европа и Конференциската лига. Кристал палас на свој терен со 2:0 го победи Зрињски од Босна и Херцеговина, за да оди во осминафиналето во третото по ранг натпреварување на УЕФА.
Актуелниот освојувач на ФА Купот и Комјунити шилд поведе со 1:0 пред крајот на првото полувреме, што им донесе и предност во вкупниот биланс затоа што на првата средба, резултатот беше 1:1.
Зрињски во финишот тргна да израмни, домаќините тоа го искористија и дадоа гол за 2:0 и ставија точка околу дилемата за тоа кој тим оди понатаму.
Во Лига на Европа, Нотингем форест на свој терен загуби со 1:2 од Фенербахче, но англискиот тим оди понатаму благодарение на победата во Истанбул со 3:0.

Болоња на класичен италијански стил оди понатаму, откако калчолиашот втор пат со 1:0 го победи Бран. Селта Виго рутински оди понатаму откако повторно беше подобра од грчки ПАОК.

