Кристал Палас му даде шанса на Патрик Виеира – Трикратниот шампион на Англија е нов менаџер на Орлите

Патрик Виеира по долг период се враќа во Лондон и ќе биде менаџер на премиерлигашот Кристал Палас. Трикратниот првак на Англија со Арсенал, како играч, сега пак ќе биде најмалку три години во главниот град на Англија, но во пониква улога.

Раководството на Кристал Палас потпиша договор со Виеира до 2024 година и тој ќе го замени ??? на кормилото на премиерлигашот.

Виеира кој има вкупно 10 титули во Англија како играч и сите освоени со Арсенал, сега ќе командува од клупата со клубот од Јужната страна на Лондон.

„Горд сум што ќе бидам во клуб со оргомна традиција. Му благодарам на раководството на Кристал Палас за довербата и на навивачите за поддршката. Се гледаме наскоро на терен и на трибини“, напиша на социјалните мрежи Виеира.

Патрик има мало искуство во тренерската кариера и по две години беше менаџер на Њујорк сити во МЛС лигата и на Ница во француската Лига 1.

 

- Оглас -

Најнови вести