16.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Кристал палас по Ливерпул, ќе го нападне и Арсенал, бранителот на трофејот со домашен предизвик

Познати се двојките за четвртфиналето од Лига купот на Англија, а ждрепката не донесе некое големо дерби. Кардиф е единствената екипа која не е од Премиер лигата, а за противник го доби Челзи.

Манчестер сити на домашен терен го пречекува Брентфорд, додека Арсенал, кој нема трофеј во ова натпреварување уште од 1993 година, ќе игра против Кристал палас, кој го шокира Ливерпул и победи со 0-3 на „Енфилд роуд“ во осминафиналето.

Бранителот на трофејот, Њукасл, на домашен терен ќе го пречека Фулам.

Двојки за четвртфиналето:

Арсенал – Кристал палас
Кардиф – Челзи
Манчестер сити – Брентфорд
Њукасл – Фулам

- Оглас -

Најнови вести