Наместо да седи во самоизолација во тренинг-комплексот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо го напушти карантинот и со приватен амбулантен авион отпатувл за Торино. Овие информации ги откри новинарот на италијанскиот весник „Газета дело спорт“, Танкреди Палмери, кој воедно на „Твитер“ сподели и фотографија од авионот со кој Роналдо отпатувал за Италија.
Набрзо потоа овие информации ги потврди и самиот медиум, позитивниот Роналдо на ковид-19 се врати во Торино, каде што ќе го помине карантинот и потоа да може да се подготвува за следните предизвици со Јувентус.
The private ambulance jet Cristiano Ronaldo is currently on flying direction Turin pic.twitter.com/N1H4iPmf18
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) October 14, 2020
Роналдо инаку ќе пропушти два натпревари на Бјанконерите, против Кротоне во Серија А и Динамо Киев во Лигата на шампионите, а без сомнежи, ќе прави напори да се подготви за мегапресметката против Барселона и Лионел Меси.