Кристијано: Јас ја освоив ЛШ со два различни клуба, Меси само со еден

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, во интервју за ДАЗН, набројувајќи ги разликите меѓу него и Лионел Меси, изјави дека главната разлика која ја имаат со Аргентинецот е што тој играл и освојувал трофеи со повеќе од еден клуб, а Меси само со еден.

„Јас играв во повеќе различни клубови и Лигата на шампионите ја освоив со различни тимови. Тоа е разликата. Бев прв стрелец на ЛШ цели шест сезони по ред. Малку фудбалери може да се пофалат дека имаат пет титули во ЛШ колку што имам и јас. Меси е голем фудбалер, како и мене, ќе го паметат по високото ниво на игра кое го прикажува година по година, има пет Златни топки“, вели Роналдо, кој сега ужива во фудбалот и парите не му се на прво место.

„Секое утро се будам и одам на тренинг како на работа, но не само за да заработам пари. Му благодарам на Господ, не ми требаат веќе пари, имам доволно. Сакам да си обезбедам место во историјата на фудбалот и да победувам што е можно повеќе“, додава Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести