Кристијано Роналдо доби понуда од омилениот клуб, тешко ќе му биде да ја одбие!

Секојдневно се проширува листата на потенцијални купувачи на Кристијано Роналдо, откако се појави информација дека Португалецот не е среќен со пасивноста на Манчестер јунајтед.

Иако Роналдо сакаше да остане во Јунајтед, дури и по цена да игра во Лига Европа, сепак изгледа се премислува, па до неговиот агент стигнуваат разни понуди. Се зборуваше за интерес од Баерн Минхен, но тоа е демантирано, Рома на Мурињо е на листа на чекање, вчера актуелен беше Челзи, а утрово излезе вест дека Спортинг Лисабон го сака „своето дете“.

Роналдо кариерата ја почна во Спортинг, неговата мајка би била најсреќна ако 37-годишниот Кристијано повторно го облече дресот на лисабонските Зелено-бели, и таму каде што ја почна, да ја заврши кариерата.

„Во Спортинг знаат дека Роналдо сака да освојува трофеи. Во моментов тоа изгледа многу тешко во Манчестер јунајтед, а времето на Роналдо тече” – вели извор близок до Роналдо за англиските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести