Кристијано Роналдо добил повик од европски клуб, па веднаш го променил телефонскиот број

Кристијано Роналдо во моментов со репрезентацијата на Португалија е во Германија и го очекува финалето од Лигата на нации против Шпанија. Сепак, главна тема останува неговата иднина на клупски план.

Познато е дека договорот со Ал-Наср му заврши, па сега Португалецот е слободен да потпише за друг клуб. Многу екипи се споменуваат дека сакаат да го ангажираат, предност веројатно имаат оние кои ќе настапат на Светското клупско првенство, но јасно е дека една екипа веќе испадна од трката.

Португалецот бил контактиран од Лацио, а како што објавува Фабрицио Романо, Кристијано Роналдо веднаш го променил телефонскиот број после тој повик.

- Оглас -

Најнови вести