Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските првенства, Португалија го преживеа пеколот

Португалија со победа од 3-0 над Унгарија и голови во последните шест минути ја почна одбраната на европската титула, во меч на кој имаше над 60 илјади гледачи на трибините, а Кристијано Роналдо испишуваше историја.

Роналдо стана прв фудбалер кој настапил на пет европски првенства, а потоа стана и прв кој дава гол на пет европски првенства по ред. Унгарците во 80-тата минута при 0-0 дадоа гол кој им беше поништен и како да застанаа, а искусната и среќна Португалија го казни тоа.

Рафаел Гереиро погоди за 1-0 со помош на еден унгарски играч, а потоа Роналдо даде два гола, од кои првиот од пенал беше историски бидејќи со него стана прв стрелец во историјата на европските првенства. Сега Кристијано има 11 голови на еврошампионатите и ги остави зад себе Мишел Платини, кој има 9, и Алан Ширер со 7.

Ова е погодокот со кој Роналдо стави точка:

https://twitter.com/i/status/1404858858548379655

- Оглас -

Најнови вести