Корона чао, уживање е да се гледа како во Будимпешта се игра пред 60.000 луѓе

Репрезентациите на Унгарија и Португалија својот меч од ЕВРО 2020 го играат пред 61.000 илјади луѓе на трибините на „Пушкаш арената“ во Будимпешта, атмосферата која ја прават фановите е фантастична и вистинско уживање е да се игра во таков амбиент, а уживаат и гледачите кои средбата ја следат на телевизија.

Унгарците се најлабави во мерките околу корона-вирусот, дозволуваат преполни трибини за разлика од другите делови на Европа каде што се игра првенството, па ова е меч кој ги полни срцата на вистинските љубители на фудбалот.

Оваа средба е и историска затоа што со својот настап Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој настапил на пет европски првенства. Роналдо дебитираше на ЕП 2004 година, и еве сега, 17 години подоцна, тој постави европски рекорд. Ако даде гол, Кристијано ќе стане и најефикасен фудбалер во историјата на европските првенства.

- Оглас -

Најнови вести