10.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Кристијано Роналдо ја откри причината за неприсуството на погребот на Диого Жота

Фудбалскиот свет беше шокиран од погибијата на фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Жота и неговиот брат Андре Сила. Големи фудбалски имиња и негови соиграчи се појавија на погредот и му оддадоа почит, но Кристијано Роналдо не присуствуваше на погредот на соиграчот од репрезентацијата.

Португалецот беше на удар на фудбалската јавност, но сега проговори за причините зошто не беше присутен на погребот.

„Има две причини за таквата одлука. Откако мојот татко почина, никогаш повеќе не бев на гробишта, од тој ден не зачекорив на гробишта. Второ, ако ме познавате тогаш знаете дека каде и да се појават се прави цикруз. Вниманието ќе беше насочено на мене, а едноставно не сакав тоа да се случи.“ – рече Кристијано Роналдо.

Тој зборуваше и за моментите кога ја дознал трагичната вест за загинувањето на Диого Жота.

„Бев со Георгина во теретана тоа утро. Не можев да поверувам, добив многу пораки. Плачев, Георгина може да потврди. Тоа беше тежок момент за земјата, семејството, репрезентацијата и за сите нас.“ – додава Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести