Кристијано Роналдо открива: „Зошто да бидам директор или тренер, кога можам да бидам сопственик?“

Кристијано Роналдо денес го слави својот 40-ти роденден, а за португалскиот „Канал 11“ откри што ќе прави по завршувањето на фудбалската кариера и најави дека немале да има никаква функција.

„Нема логика да бидам директор на некој клуб. Ако можам да бидам сопственик, зошто би бил менаџер, спортски директор или директор? Тоа е мојот сон и уверен сум дека ќе бидам сопственик на некој клуб. И ќе ви откријам уште нешто, се надевам дека нема да имам само еден клуб“, рече Кристијано Роналдо.

Од поранешните фудбалери, најпознат е случајот на Дејвид Бекам, кој е сопственик на Интер Мајами, додека од актуелните неодамна Килијан Мбапе го купи францускиот второлигаш Кан.

- Оглас -

Најнови вести