Крива Паланка го славеше шампионот кој доби МИЛИОН денари

Риста Милчевски од Крива Паланка доби 1.000.000 денари откако победи во играта „Втора шанса за милион“ и е доказ дека тикетите кои сите обложувачи најмногу ги мразат, а тоа е со една утка, некогаш може да ви донесат и голема радост и супер вредна добивка.

Идејата на Sport Life за играта „Втора шанса за милион“ беше токму тие тикети со еден промашен пар да не се фрлаат во канта за отпадоци, туку да се чуваат и да бидат во комбинација за голема добивка. Во играта учествуваа сите тикети со една утка, а најдобри беа тие со најголем фатен коефициент на таквите малерозни ливчиња.

Риста беше без конкуренција, во октомври имаше уплатен тикет од 20 денари со 20 меча, од кои 19 беа погодени, вкупна квота од 19.562, а утна само еден тип. Ако го погодеше и 20-тиот меч, добивката ќе му беше 547.602 денари. Остана без тие пари, но доби речиси двојно повеќе, благодарение на акцијата на Sport Life.

Објектот на Sport Life на улица „Свети Јоаким Осоговски“ број 178 во Крива Паланка беше во центарот на вниманието, редовните обложувачи и љубопитните минувачи сакаа искрено да му честитаат на добитникот, си посакаа и тие да ја имаат истата среќа. Сите што уплатија тикет од 200 или повеќе денари, добиваа промотивни грепки во кои има награди од типот на вредносен ваучер или од богатиот асортиман производи на СЛ маркетот.

 

ИАКО ПОСЛЕ 19 ПОГОДЕНИ, 20-ТИОТ МЕЧ МУ БИЛ ПОСЛЕДЕН, НЕ ГО ШТИТЕЛ

Риста беше на прагот да фати 547.602 денари со само 20 денари уплата, но тикетот „падна“ затоа што Вест Бромвич Албион не победи против Барнсли. Тој октомвриски меч, на неколку дена после роденденот на Риста, заврши 2-2.

„На тикетот погодив 19 парови, само Вест Бромвич Албион – Барнсли не излезе единица како што типував. Тој беше последен меч на тикетот, сите други 19 меча беа завршени претходно, но не го штитев, верував дека ВБА ќе победи. Се сеќавам дека Барнсли водеше по првото полувреме со 2-0, а ВБА изедначи некаде до кај 70-та минута. Кога израмнија на 2-2, верував дека може да направат пресврт и да ми донесат одлична добивка од 546.000 денари. Но, не бидна, заврши 2-2. Не бев премногу разочаран, помислив оти не ми било пишано. Уплатата беше 20 денари, секогаш по толку уплаќам“ – вели Риста, кој деновиве е главна ѕвезда меѓу обложувачите во Крива Паланка.

ТЕШКО БЕШЕ НЕКОЈ ДА ЈА НАДМИНЕ КВОТАТА ОД НАД 19.000 НА ТИКЕТ СО ЕДНА УТКА

„Имав огромен коефициент, знаев дека никој нема да има поголема квота од мене, не стравував премногу дека некој може да ме надмине, но никогаш не се знае. Последниот ден од играта знаев дека водам убедливо, а немаше многу мечеви, си велев не би требало некој да направи толку голема квота и да ме надмине. Ова ми е убедливо најголема добивка, сум фаќал и по 80.000, 50.000, 153 илјади ми беше рекорд досега“ – се присетува господинот кој е доказ дека и во помалите градови има одлични обложувачи кои знаат што прават и имаат одлично претчувство.

ДОБИЛ 12-КА НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА ВО ЈУГОСЛАВИЈА КОГА БИЛЕ САМО ЧЕТВОРИЦА ДОБИТНИЦИ

Риста е долгогодишен прогнозер и обложувач.

„Играм спортска прогноза и во обложувалници уште од 70-тите години, и за време на поранешна Југославија имам добивано. Во едно коло на Спортска прогноза, фатив 12-ка, а само четворица добитници бевме во цела Југославија. Земав убави пари. Во тој период бев кум, па со парите покрив трошоците околу свадбата, давав и бакшиши, и плус ми останаа уште пари. Во обложувалница еднаш имам земено 153.000 денари, на бонус уплата од 100 денари. Сум имал и помали добивки, но упорен сум, уплаќам по 20 денари, и секогаш ставам повеќе мечеви на тикет, минимум десет“ – додава новиот милионер.

ГО ИЗБЕГНУВА ТЕНИСОТ, НО ГИ ИГРА СИТЕ ДРУГИ СПОРТОВИ

Паланчанецот Риста нема некој омилен спорт за обложување, типува на повеќе спортови, но избегнува само еден – тенисот.

„Ќе продолжам да играм, препорачувам секој прогнозер да биде упорен, бидејќи не се знае кога среќата ќе ви се насмее. Инаку, играм на фудбалски, кошаркарски, ракометни, хокејарски мечеви, ги мешам спортовите, само на тенис не типувам никогаш. Некако не ме влече тенисот. Од фудбалската понуда, освен на конечен тип, играм и на број на голови, на двојна победа, сигурна победа“ – објаснува Риста.

ВБА ЧЕСТО ГУБИ, НО УПОРНО ИГРА НА НИВ

Вест Бромвич е клуб кој му зеде добивка од 547.000, но му донесе милион. Риста и пред да се случи ова, а после неверојатниот тикет, типува на клубот од бирмингемското предградие.

„Немам некој омилен тим, се обложувам на сите тимови. Но, ете, ВБА ќе ги издвојам како екипа на која често играм. Честопати губат и ми ги прават тикетите недобитни, но упорно си ги играм нив. Играм секој ден, уплаќам по 20 денари. За време на играта Втора шанса, имав уште еден тикет со една утка, па и тој малку ми го крена конечниот збир“ – завршува среќникот.

НАГРАДИ ЗА ТИКЕТИ СО ЕДНА УТКА ДОБИЈА УШТЕ ЧЕТВОРИЦА ПРОГНОЗЕРИ

Риста ја доби премијата од 1.000.000 денари, но уште четворица играчи добија награди за добриот пласман во Втора шанса.

Петрит Т. кој го освои второто место, доби 1 милион поени на неговата SL картичка. Стевче С. доби 500 илјади поени, Шефик С. доби 300.000, а Кристо Б. 100 илјади поени на картичката.

- Оглас -

Најнови вести