Со гол на македонскиот фудбалер Крсте Велкоски, екипата на Сараево поведе против Игман со 1-0 и ја најави победата од 2-0, со која се пласира во финалето на Купот на Босна и Херцеговина.
Тренерот Александар Васоски го стави Велкоски на терен уште од првата минута, а капитенот на Сараево на довербата од сонародникот одговори со погодок. И првиот меч од ова полуфинале го доби Сараево со 2-0, а денешната победа само го потврди пласманот во финалето.
Противник на Сараево во финалето веројатно ќе му биде мостарскиот Вележ, кој со 4-0 славеше на првиот меч против Тузла сити.