Босанскиот фудбалер Елвир Кољиќ, кој игра за Универзитатеа Крајова и е прв стрелец во романската лига, вечерва беше жртва на многу груб прекршок од страна на Овидиу Михалаке од Политенхика Јаши. Михалаке најпрвин доби жолт, а потоа судијата ја смени одлуката и му додели црвен картон.
Тој можеби му го скрши глуждот на противникот чиј болен извик по фаулот ги исплаши сите, а клупските колеги се држеа за глава.
Несреќниот Кољиќ беше пренесен во болница, а болката му беше очигледна и најверојатно има скршеница, што би значело пауза од неколку месеци.
Погледнете го фаулот кој предизвика тешка повреда на Босанецот:
— Cob Kurtain (@MidoMaster001) October 2, 2020