Кукавичката игра не се исплатеше: Ливерпул го сруши бункерот на Вилјареал (Видео)

Ливерпул со 2:0 го победи Вилјареал во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Англискиот тим беше голем фаворит за победа, а тоа се потврди и со играта на теренот. Од првата минута Ливерпул тргна во напад, а гостите се бранеа.

Тактиката на Вилјареал беше да игра „бункер“, кој успешно издржа во првото полувреме, па по 45 минути немаше погодоци. Сепак, дефанзивната игра на Жолтата подморница попушти на стартот од второто полувреме.

По еден центаршут на капитенот Џордан Хендерсон, топката удри во Еступинан, го смени правецот и заврши во мрежата на Рули.

Само две минути по првиот погодок, Ливерпул се израдува и по вторпат. Овој пат Садио Мане одлично продре кон петерецот на противникот и од прва успеа да погоди во мрежата на Вилјареал.

На крајот, Ливерпул имаше две третини посед на топката, домаќините упатија дури 20 удари кон голот на гостите (пет беа прецизни) и изведоа 10 корнери. Вилјареал само со една третина посед на топка имаше само еден шут и тој беше непрецизен, а гостите изведоа и два корнери.

 

- Оглас -

Најнови вести