Кукурелја беше скап, па Сити купи поевтина алтернатива од Андерлехт

Манчестер сити го претстави Серхио Гомес како ново и последно засилување за ова лето.

Младиот шпански лев бек потпиша четиригодишен договор, а неговиот трансфер од Андерлехт вреди 13 милиони евра.

Репрезентативецот на У21 селекцијата на Шпанија дојде како замена за Олександр Зинченко, но не беше меѓу првите опции на Гвардиола. Сити проба да го купи Кукурелја, но сумата која ја бараше Брајтон беше превисока за шампионот, па на крајот Марк заврши во редовите на Челзи.

Инаку, 21-годишниот Гомес потекнува од познатата школа на Барселона „Ла Масија“, каде што кариерата ја почна на позицијата офанзивец играч за врска. Се калемеше во Борусија Дортмунд и Уеска, а на крајот среќата ја пронајде во Белгија. Во Андерлехт беше прекомандуван на левата бековска позиција, што очигледно му одговара и поради тоа го заработи трансферот во Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести