Кулминација на циркусот на АФКОН, за Комори против Камерун ќе брани левиот бек!

Откако останаа без голмани и не беа принудени да користат играч, репрезентацијата на Комори на за нив историскиот меч со Камерун на Африканскиот куп на нациите како голман ќе го користи левиот бек Шакер Алхадур.

Првиот голман на Коморите е повредениот, двете негови резерви се позитивни на корона-вирус. Едниот голман денеска имал негативен резулат на тестирањето, но не доби дозвола за напуштање на карантинот, па нема да смее да биде ниту на стадион. Така на нивниот прв нокаут-меч на АФКОН, Коморите ќе тргнат со левиот бек на Ажаксио како голман.

- Оглас -

Најнови вести