Кулушевски ги мина прегледите и е најскапото зимско засилување во историјата на Јувентус

Дејан Кулушевски успешно ги мина медицинските прегледи и потпиша договор со Јувентус до 2024 година, за сума од 35 милиони евра, плус бонуси од околу 10 милиони евра и е најскапото зимско засилување во историјата на италијанскиот гигант.

Досега рекордер беше Алесандро Матри, кој потпиша за Јувентус на 31. јануари 2011 година за сума од 20 милиони евра, тогаш селејќи се од Калјари во редовите на Старата дама.

Во целиот трансфер, во Јувентус не заборавија од каде потекнува Кулушевски, па во претставувањето на Дејан е споменато дека течно говори пет јазици, меѓу кои и македонскиот.

Планот на Јувентус е 19-годишниот офанзивен играч од средниот ред да ја доигра сезоната во Парма, каде досега настапуваше како позајмен играч од Аталанта и потоа налето да го врати во своите редови.

 

- Оглас -

Најнови вести