Куман има рецепт за Роналдо: Да му ја земеме топката, без неа е безопасен

Роналд Куман има рецепт како да се сопре Кристијано Роналдо на утрешниот меч меѓу Барселона и Јувентус, кој ќе биде ревијален бидејќи и двете екипи се во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

На првиот меч во Торино, Роналдо не играше и Јувентус лесно загуби од Барселона со 0:2, па овој меч се чека со нетрпение како нова средба на терен на двете фудбалски икони, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, како лидери на двата тима.

„Го почитувам Роналдо. Игра во топ-форма и на 35-годишна возраст, но фудбалот е колективна игра, па нема да го имаме само Роналдо како противник, туку целиот тим на Јувентус, со многу квалитетни поединци. Рецептот на Барселона се знае, треба да ја имаме што почесто топката во свој посед и тогаш и Роналдо и Јувентус ќе бидат безопасни. Сепак, убаво ќе биде повторно да се гледа дуел меѓу Меси и Роналдо, двајца фудбалери што одбележаа цела епоха во модерниот фудбал“, вели Куман.

Барселона и со реми ќе биде прва во групата, Јувентус секако оди понатаму заедно со големиот ривал од Г групата, а за подвиг и прво место им треба победа од три гола разлика, или со два разлика, но со најмалку три постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести