Куман откри дека „замената за Меси“ е главниот адут за Барселона повторно да победува

Барселона го доби дербито против Валенсија со 3:1 и каталонскиот гигант полека се искачува кон горниот дел од табелата во шпанското првенство. Тренерот Роналд Куман е задоволен, а објасни и дека враќањето на Ансу Фати е една од главните причини за подобра игра на Каталонците.

„Заслужено победивме. Сега се гледа колку ни недостасуваше Фати на почетокот на сезоната. Тој внесува брзина во нашата игра, а постигнува и голови“, вели Куман.

Фати го даде првиот гол за Барселона против Валенсија, кога израмни на 1:1, а потоа Каталонците направија целосен пресврт. Младиот напаѓач кој ја доби довербата оваа сезона да го носи дресот со бројот 10, кој со години беше заштитен знак на Лионел Меси во Барселона, одигра помалку од еден час против Валенсија.

„Не сакав да го заменам Фати толку рано, но морав поради превентива. Сега ни претстои важен меч од Лигата на шампионите против Динамо Киев, а потоа е и Ел Класико против Реал Мадрид“, објаснува Куман.

 

- Оглас -

Најнови вести