Куман: Утре е последниот слободен ден за Меси

Лионел Меси не настапи на гостувањето на Барселона кај Динамо Киев, а нема да игра ни утре, против Ференцварош во Будимпешта, па тоа ги засили гласините дека Аргентинецот самиот бира кои натпревари ќе ги прескокне.

Освен Меси, одмор ќе добијат и Филипе Кутињо и голманот Марк-Андре тер Штеген, а бидејќи Каталонците имаат обезбедено пласман во осминафиналето, нивното отсуство нема да биде толку проблематично.

Тренерот Роналд Куман изјави дека тој ја донел одлуката Меси да не патува и најави дека до крајот на сезоната, Меси на сите мечеви ќе биде во составот.

„Разговарав со Меси околу одморот, но одлуката тој да не патува е моја. Календарот е густ, мора некогаш да одмори, а сега беше прилика за тоа. В сабота имаме меч од лигата кој мора да го добиеме. Сакам на сите мечеви да биде со нас, тој е многу важен за Барселона. Од утре натаму, веќе да биде можно Лео да прескокнува натпревари“, рече Куман.

- Оглас -

Најнови вести