Куманово беше „лесен залак“ за Гмунден

Екипата на Куманово ги заврши своите настапи во квалификациите на ФИБА Европа купот откако беше убедливо совладана од Гмунден со 60:83.

На турнирот што се игра во Гронинген, Холандија, македонскиот претставник едноставно немаше сили да се спротистави на опонентот од Австрија, кој беше многу поквалитетен.

Веќе сè беше јасно уште по првата четвртина, која им припадна на кошаркарите на Гмунден со 27:14, а потоа останатиот дел од мечот беше рутина.

Најефикасен на оваа средба беше Брајен Аугбурн со 17, додека веднаш зад него следуваше Џонатан Холмс, кој игра за Куманово со 16 поени.

Австрискиот тим во наредната квалификациска фаза ќе се соочи со организаторот на турнурот, Гронинген. Додека, пак, за Кумановци преостанува да се фокусираат на домашните натпреварувања и да остварат што е можно подобар пласман.

- Оглас -

Најнови вести