Македонскиот женски ракомет останува со само две екипи во европските купови, шампионот Ѓорче Петров, кој ќе стартува директно во второто коло, како и Металург Автокоманда, екипа која со 15 гола разлика славеше во првото коло од Европскиот куп.
Вечерва елиминации доживеаја екипите на Куманово и Чаир, со што за нив настапот заврши уште во првото коло од Европскиот куп.
Кумановски го победија составот на Гарлиава од Литванија со 32-31 во реваншот на домашен терен, но тоа не беше доволно за да се надополни негативата од првиот меч (32-25).
Чаир и вторпат загуби од словенечка Ајдовчина, овој пат на домашен терен со 27-33, откако првиот меч заврши во корист на противникот од 27-24.