Ждрепката за полуфиналето во Купот на Македноја ги одреди паровите. Тимот на Академија Пандев, актуелниот бранител на трофејот, во двомеч против второлигашот Брегалница ќе се бори за нов пласман во финалето, додека Шкендија преку Струга Трим Лум ќе се обиде да избори нова битка за враќање на пехарот во своите витрини.
Доколку фаворитите ги оправдаат очекувањата, можно е да се види финале меѓу двата последни тима кои го освојуваа Купот. Првите дуели се закажани за 8 април, додека реванш-пресметките се предвидени за 6 мај.