Екипата на Авранш приреди сензација во првото коло од Купот на Франција, на пенали го елиминираше прволигашот Брест откако во регуларниот дел средбата заврши 1-1.
Аматерите го шокираа тимот кој во минатата сезона играше во Лигата на шампионите, а им помогна и тоа што Брест од 21-ва минута беше со човек помалку на терен. Во пенал серијата, Авранш не утна ниеднаш во петте обиди.
Друг учесник во Лига 1, Анже, избегна сличен развој на настаните. Иако не успеаја да ја пробијат одбраната на четвртолигашот Ле Ербие, од четвртата лига, и завршија 0-0 во регуларното време, победија со 6-5 на пенали и се пласираа понатаму.

