Купете го другар ми Кутињо, и јас ќе останам

Секој ден сè повеќе се шират шпекулации дека Нејмар по само две сезони ќе го напушти ПСЖ. Но, францускиот првак не сака лесно да се откаже од најскапиот фудбалер на светот, па така скрои план како да го убеди да остане.

Можеби не е толку нивен план, колку што е услов на самиот Нејмар, но Светците ќе се обидат да го ангажираат Фелипе Кутињо од Барселона за да ги задоволат потребите на Бразилецот. Кутињо во јануари 2018 година од Ливерпул се пресели на „Камп ноу“ за сума од 160 милиони евра вклучувајќи ги сите бонуси, а откако не ги оправда очекувањата овој трансфер и не е толку далеку од реализација.

Нејмар и Кутињо од мали нозе се блиски пријатели, па доколку овој трансфер се оствари ќе бидат и клупски колеги, не само во репрезентацијата на Бразил.

ПСЖ прво ќе треба да продаде неколку играчи за да биде регуларен пред ФФП, а најблиску до разделба се Единсон Кавани и Тома Мение. Шпекулациите од Франција се дека францускиот првак ќе подготви 100 милиони евра за Кутињо, но засега нема конкретна понуда.

 

- Оглас -

Најнови вести