Куртоа бил гаѓан со кеса во која имало фекалии!? (Фото+Видео)

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа 1:1 во големото мадридско дерби за кое сигурно ќе се збори уште долго време. Освен двата гола кои беа постигнати во второто полувреме, дербито ќе се памти и по прекинот.

По голот што го даде Реал за водство од 1:0, се случи прекин предизвикан од страна на навивачите на Атлетико Мадрид. Запалки и други тврди и меки предмети беа фрлени во насока на голманот Тибо Куртоа.

Токму Куртоа е некогашен голман на Атлетико Мадрид, но во еден момент ги испровоцира фановите на домашниот тим, а тие здивеа што е непримено за фудбалски меч.

Меѓу многуте фрлени предмети, посебно внимание предизвика една бела кеса. Во кесата имаше нешто, а според некои пишувања по социјалните мрежи се работи за кеса во која имало фекалии, што е неверојатно.

Без разлика што имало во кесата, непримено е воопшто да се фрла со какви било предмети, па дури и да имало провокација од гостнскиот голман.

- Оглас -

Најнови вести