Куртоа го гаѓаа со глувци (Фото)

Тибо Куртоа за прв пат бранеше за Реал Мадрид на меч против Атлетико, кој е клубот во кој го покажа целиот свој талент. Куртоа помина три години во дресот на Атлетико и за тоа време бранеше на 154 меча за „јорганџиите“. Се радуваше на титули во Купот на Шпанија и Лигата на Европа.

Сепак, сега дојде време Куртоа да брани за градскиот ривал на Атлетико, во дресот на Реал Мадрид. Навивачите на Атлетико никако не му простија на Тибо, кој го нарекоа „глушец“. Токму поради тоа, од трибините кон голот на кој бранеше Куртоа беа фрлени 10-тина играчки-глувци.

Таквата провокација од фановите на Атлетико не го збуни Куртоа, а Реал на крајот се радуваше на победа од 3:1.

- Оглас -

Најнови вести