Тибо Куртоа е едно од најголемите разочарувања на Реал Мадрид сезонава. Голманот од кого се очекуваше да биде сигурност во одбраната на Кралскиот клуб, брани очајно. Белгискиот репрезентативец бранеше само 45 минути на дуелот против Бриж во Лигата на шампионите и прими два гола. На полувремето, Куртоа остана на клупата за резерви, а на голот застана Ареола.
Според „Диарио Мадридиста“, Куртоа е во лоша форма поради психички проблеми. Се шпекулира дека лекарскиот тим на Кралскиот клуб на голманот му дијагностицирале дека има панични напади.

Реал Мадрид застана зад својот голман и во официјално соопштение демантираше дека Куртоа има психички проблеми, туку дека се работи за стомачни тегоби и затоа бил заменет на дуелот против Бриж.
Comunicado Oficial: Courtois.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) October 4, 2019