Куртоа не е единствен играч кој ја освоил Ла Лига со Реал и со Атлетико

Тибо Куртоа е меѓу најзаслужните во составот на Зинедин Зидан за освоената 34-та титула на Реал Мадрид во Ла Лига. Белгискиот голман со одличните настапи во кои беше константно на високо ниво ги потврди со успехот по вчерашната победа над Вилјареал, па испиша историја која претходно се случила пред шеесетина години.

Имено, Куртоа е само втор играч, во случајов голман, кој успеал да ја освои шпанската круна со Реал Мадрид, а и со градскиот ривал Атлетико. Пред него тоа му успеа на Хосе Луис Перес-Паја, кој во 1951 година ја освоил титулата со Атлетико, а во 1954 и 1955 година му успеало тоа носејќи го дресот на Кралевите.

Куртоа беше дел од шампионската сезона 2013/14, во која Јорганџиите ја покорија Шпанија и ја прекинаа доминацијата на Реал и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести