Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа има време и за релаксација додека го чека утрешниот дуел против Вилјареал по кој Кралевите може да станат нови прваци на фудбалска Шпанија. Белгискиот репрезентативен чувар уживаше во базенот кој го има во својот двор, кога реши да ги покаже фудбалските квалитети.
Куртоа покажа дека одлично знае да ја контролира топката, а потоа успеа со нога да погоди во кошот кој му е покрај базенот. Самиот Куртоа беше збунет од потегот што го направи и во неверување се држеше за главата и се радуваше. Целата ситуација беше снимена од безбедносната камера, па Куртоа реши да се пофали со својот потфат.
https://twitter.com/i/status/1283129139814264832