Кутињо лично го замолил Клоп да го врати во Ливерпул

Шпекулациите за тоа каде ќе продолжи кариерата на Филип Кутињо не сопираат. Бразилецот сезонава како позајмен играч го носи дресот на Баерн Минхен, но германскиот гигант најави дека не планира да го задржи за следната сезона. Кутињо има договор со Барселона, но и Каталонците се против идејата тој да биде дел од екипата што игра на „Камп Ноу“.

Сега се најавува дека е можно Кутињо повторно да се врати во Ливерпул, клубот каде што играше пред да потпише за Барселона. Шпекулациите се дека Бразилецот дури и лично контактирал со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп и побарал да биде вратен во екипата каде што играше одлично.

Како најверојатна опција е Кутињо да биде даден на позајмица во Ливерпул, затоа што англискиот тим сигурно нема да сака комплетна сума за откуп на неговиот договор од Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести