Кутињо со прекрасен гол од слободен удар, Бразил прекина низа од пет меча без победа (Видео)

Петкратниот светски првак Бразил без поголеми проблеми славеше во дуелот против Јужна Кореја на пријателскиот дуел кој се играше во Абу Даби. Кариоките уште во првото полувреме најавија дека ќе се радуваат на триумф, но што е уште поважно, ја прекинаа низата од пет средби без победа на контролните дуели.

Бразил пред неколку дена загуби од Аргентина, а претходно одигра нерешено против Нигерија (1:1), Сенегал (1:1) и Колумбија (2:2), а загуби од Перу (0:1).

Пакета погоди уште во деветтата минута за 1:0, а потоа следуваше мајсторски гол на Кутињо. Бразилецот кој се мачи во Баерн Минхен покажа дека уште го има осетот за одличен слободен удар и во 36-тата минута зголеми на 2:0.

https://twitter.com/i/status/1196792924614406144

Во вторто полувреме Данило зголеми на 3:0, а во последните 30 минути немаше промена на резултатот.

- Оглас -

Најнови вести