Кутињо веќе го гледаат како „бивши“

Фелипе Кутињо дефинитивно нема иднина во редовите на Барселона. Шпанскиот првак врши напори ова лето да се ослободи од рекордното засилување, но засега нема заинтересирани клубови за услугите на Бразилецот.

Кутињо никако не ги оправда средствата, ниту очекувањата при преселбата од Ливерпул, па сега Каталонците се подготвени да го дадат и на позајмица, а потоа да чекаат конкретна понуда за да го продадат и да вратат барем дел од парите кои ги вложија во него.

Враќање на Островот беше една од опциите за Кутињо, но Ливерпул нема намера да му прости, а самиот фудбалер одби да потпише за Манчестер јунајтед. Се споменуваше и Челзи, но клубот од Лондон има забрана за купување играчи, додека Барса се обиде да го вклучи во понудата за Нејмар и да го испрати во ПСЖ, но Светците одбија таква размена.

Доколку не сака да пропушта минути, најдобро за Кутињо е што побрзо да си најде нов клуб, во спротивно ќе ја грее клупата на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести