-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Кузмановски: Горд сум на момците, оваа генерација ветува уште многу успеси во иднина

Капитенот Филип Кузмановски повторно беше лидер на македонската репрезентација овојпат во победата над Романија. Кузмановски кој постигна девет голови, вели дека Македонија направи успех со победа, реми и само еден пораз од актуелниот светски првак.

„Мора да бидеме задоволни со победа на ЕП. Можеби очекувавме повеќе можеби сме поквалитетни од овој реултат што го направивме против Романија. Во второто полувреме влеговме со голем притисок дека мора да победиме убедливо за да одиме понатаму. Да имавме малку среќа на мечот против Португалија, можеби сега веќе ќе бевме и во втората фаза од ЕП. Горд сум на момците, оваа генерација ветува уште во иднина“, рече Кузмановски.

Капитенот е реален и знае дека е премногу тешко да се очекува Данска да ја победи Португалија со 18 или повеќе голови, што би значело Македонија да го освои второто место во групата.

„Ако победевме со повеќе разлика против Романија ќе се надевавме дека може да влеземе во главната фаза. Сепак, треба да бидеме среќни за победата, среќен сум што сите сме здрави со некои мали повреди“, додаде Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести