Кузмановски и официјално претставен како нов ракометар на Е. Пелистер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска и официјално беше претставен како нов ракометар на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Тој во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски, позираше во новиот зелено-бел дрес во број 18.

Кузмановски минатата недела го раскина договорот и експресно се договори со Е. Пелистер. Тој веќе е пријавен за натпреварите во Лигата на шампионите и во домашниот шампионат и дебито ќе го има в среда, во дуелот против ПИК Сегед, кога битолчани ќе ја бркаат првата победа.

„Неговото враќање дома е прекрасна вест за нашиот клуб и нашиот град. Филип Кузмановски денес официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Тој позираше во зелено-белиот дрес со број 18 во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски. Кузмановски пред медиумите, партнерите, спонзорите и пријателите на клубот го изрази задоволството од враќањето во својот матичен клуб. Клубот го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против ПИК Сегед во Битола“, соопшти Еурофарм Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести