Сампдорија ја прекина серијата од три меча без победа и со 2-1 го совлада СПАЛ во последниот меч од седмото коло во италијанската лига. За гостите ова е трети пораз едноподруго. Клубот од градот Ферара сега има низа од 12 натпревари по ред во Серија А без нерешен исход. Последниот нерешен резултат на СПАЛ беше во април.
СПАЛ беше на добар пат, поведе со голот на Алберто Палоски, негов лигашки првенец сезонава. Но, Полјакот Карол Линети со убав гол изедначи на 1-1, и тоа беше резултат со кој се замина на пауза. И за Линети ова беше сефте во оваа сезона. Погодокот вреден три бода за Сампдорија беше дело на Французинот Грегоар Дефрел во 60-тата минута. Гостите се обидуваа во финишот да изедначат, но не успеаја.
Ветеранот Фабио Квалјарела првпат во својата кариера во Серија А, а има одиграно 409 натпревари, имаше две асистенции на еден меч. На ветеранот во 12-тата минута му беше поништен гол, а од игра 15 минути по водечкиот гол на „блучеркатите“ од Џенова и на 15 минути пред крајот на средбата.