Квалификациите во ЛШ повторно се најинтересни за типување

6735 Малме – ХЈК (19ч, квалификации ЛШ)

Малме е голем фаворит во првиот дуел меѓу шведскиот и финскиот шампион, па големи се шансите да се повтори еден од резултатите во нивните три меѓусебни дуели кои се одиграни во пријателски рамки. Малме двапати има славено против Хелсинки со 4-0 и еднаш со 2-0, иако последен пат се сретнаа пролетта 2016 година.

Домаќините ќе влезат со подобра форма од три победи и реми на последните пет меча, додека Хелсинки е ранет по поразот од Оуло во финскиот шампионат.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.73)

 

6736 Мура – Лудогорец (20ч, квалификации ЛШ)

Мура по елиминацијата над Шкендија, налета на поквалитетниот Лудогорец, кој често изборува пласман во групната фаза од ЛШ. Поради тоа, на словнечкиот состав не му се даваат многу шанси за изненадување, особено што бугарскиот првак е во добра серија од четири победи без примен гол, а Мура загуби изминатиов викенд на домашен терен со 0-3 од Табор.

Квалификациите првпат ги спојуваат овие две екипи и ако нешто може да се очекува, тоа се голови, повеќето во мрежата на Мура, бидејќи словенечкиот тим освен победите над Шкендија, бележи три лоши резултати во последните пет меча.

Предлог тип: 3+ (2.25)

 

6737 Слован Братислава – Јанг бојс (20:30ч, квалификации ЛШ)

Јанг бојс лесно се справуваше со Слован во групната фаза од ЛЕ во 2014 година, кога ги доби двата меча со сигурни 5-0 и 3-1. Седум години подоцна се борат во квалификациите од поквалитетното натпреварување на УЕФА, а од швајцарскиот гигант повторно се очекува да излезе како победник од двомечот.

Слован не покажа дека е тим што вреди да биде меѓу најдобрите во Европа со поразот од Шемрок од 2-1 во реваншот во претходното коло, но триумфот од 2-0 од првиот меч беше доволен за пласман понатаму. Што се однесува до Јанг бојс, подготовките можеше да ги комплетира и на подобар начин, но сигурно ќе покаже повеќе квалитет кога е во прашање натпреварувачки дуел.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.10)

 

6739 Олимпијакос – Нефчи Баку (21ч, квалификации ЛШ)

Солидниот учинок на Олимпијакос во подготовките треба да го пренесе во првата средба против тимот од Баку и да заврши поголем дел од работата за пласман во следната фаза од квалификациите. Првпат овие две екипи ќе имаат прилика да ги одмерат силите, а грчкиот првак треба да ја одбрани Пиреја, и тоа во голем стил со оглед на тоа дека е огромен фаворит.

Нема да биде изненадување доколку Нефчи претрпи дебакл бидејќи Олимпијакос е редовен учесник во групната фаза од ЛШ и не остава простор да биде шокиран во квалификациите.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.19)

 

6740 ПСВ Ајндховен – Галатасарај (21ч, квалификации ЛШ)

ПСВ и Галатасарај често се пласирале меѓу најдобрите екипи во Европа, но сега само еден тим ќе продолжи понатаму и ќе го одржи сонот за групната фаза, а поразениот ќе се теши со Лигата на Европа.

Се паметат шест дуели во рамките на ЛШ во кои редовно имало победник, а ПСВ има подобар биланс со 4-2. Пред три години овие две екипи се сретнаа во контролен натпревар кој ПСВ го доби со 3-1, резултат кој може да се повтори на „Филипс стадионот“ доколку сè оди според планот на домаќините.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.57)

- Оглас -

Најнови вести