Македонска фудбалска школа „Форца“ денеска во Белград склучи договор за соработка со младинската школа на некогашниот европски првак Црвена ѕвезда.
Договорот беше потпишан од претседателот на Црвена ѕвезда Светозар Мијаиловиќ од една страна и од Јорданчо Џипунов (претседател на Форца) од друга страна. Двата клуба се договорија за соработка за размена на играчи, стручна соработка, како и организирање на камп во Скопје.
Форца е најпопуларната фудбалска школа во Македонија која работи со деца од шест години, па нагоре. Од оваа школа се излезени десетици македонски репрезентативци во повеќе категории, а, секако, најзвучно име кое започнало со тренинзи во Форца е Елиф Елмас, кој сега игра во италијанскиот калчолигаш Наполи.
View this post on Instagram