Квартараро нема конкуренција во Мото ГП, победи и во Асен (Видео)

Фабио Квартараро повторно беше најбрз на трка во Мото ГП и со сигурен настап победи во Асен, за Големата награда на Холандија.

Францускиот ас беше сигурен од стартот до крајот на трката и не дозволи изненадување. Квартараро сега има четири победи на девет трки сезонава и е убедливо прв во Генералниот пласман.

Зад Квартараро како втор низ целта на трката во Асен мина неговиот клупски колега од Јамаха, Маверик Вињалес, а третопласиран е Жоан Мир.

 

- Оглас -

Најнови вести