Квоти на денот – Голеадите се традиција на дуелите меѓу ПСЖ и Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона стандарно играат ефикасно на меѓусебните дуели, вечерва на реваншот во Париз во осминафиналето во Лигата на шампионите, францускиот тим ќе почне со огромна предност од 4:1, што е најава за нова голеада.

Килијан Мбапе одигра симултанка на „Камп Ноу“ и со хет-трик го донесе ПСЖ на прагот на четвртфиналето, а вечерва извонредниот француски репрезентативец повторно ќе биде закана за одбраната на Каталонците. Барселона нема што да чува, Лионел Меси мора да командува офанзива од самиот старт на реваншот, ако гостите сакаат да приредат чудо, па предлог типот во Квоти на денот на Sport Life е да се одигра ГГ&4+ со коефициент од 2.30.

Како загревање за двата реванш дуели во Лигата на шампионите од 19 часот Манчестер сити и Саутемптон ќе играат во Премиерлигата, а лидерот е голем фаворит против Светците. Сити најавува почеток на нова победничка серија и предлог е да одиграте дека ќе има предност и на полувремети за конечна победа на меч со најмалку три гола, или 1-1&3+ со коефициент од 2.35 во Квоти на денот на Sport Life.

Ливерпул има одлична предност од 2:0 против Лајпциг и Црвените најавуваат поход на европската круна како спас на лошата сезона. Германците имаат 8 победи на последните 9 натпревари, ќе се обидат да одиграат подобро од првиот меч, но шансите за подвиг им се мали, па изборот за овој меч во Квоти на денот на Sport Life е 1Х&2-4 гола со коефициент од 2.45.

Сите три натпревари во понудата за денеска се со вкупен коефициент од 13.24 во Sport Life, а можете да ги одиграте поединечно, сите заедно и во најразлични комбинации со останатите игри во богата понуда на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести