Квотите на денот со вкупен коефициент од над 36

Освежувањето на Sport Life со пет наместо три предложени Квоти на денот, носи потенцијално доста поголеми добивки отколку досега, па така денеска ако ги уплатите сите пет предлози, вкупната квота ќе ви изнесува 36.76.

Прв предлог е да се одигра дека Ајакс ќе постигне барем два гола против Гронинген, но дека и гостите ќе дадат гол. Коефициентот за овој предлог е 2.25, што е најголем од сите пет денешни квоти на денот.

Потоа следува квота од 1.90 за играта дека Баерн ќе победи против Волфсбург во меч на кој ќе паднат два или повеќе голови во првото полувреме.

Порто е фаворит против Визела, во Sport Life има квота од 2.10 за играта 2-2 и 2+. Ова значи дека и само по еден постигнат гол на Порто во двете полувремиња, може да ви донесе добивка.

Иста квота од 2.10 за сличен предлог има и за мечот Салернитана – Рома, но за играта дека римјаните ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и барем два на целиот натпревар.

Петката ја заокружува предлогот со квота од 1.95, дека на дуелот помеѓу Алмерија и Реал Мадрид, во двете полувремиња ќе паднат од еден до три гола.

- Оглас -

Најнови вести