Квотите на денот за мечеви кои се играат на британскиот остров (Фото)

Фудбалски дуели од англискиот ЕФЛ трофеј, шкотскиот Чемпионшип и женската Лига на шампиони кои прават вкупен коефициент од 44.70 се најдоа во денешните пет Квоти на денот во Sport Life.

Првиот меч носи и најголема квота меѓу петте предлози, од 2.30, и тоа дека Бристол ќе победи или ќе ремизира на гости кај Свиндон и дека гостите ќе постигнат два или повеќе голови.

Потоа се нуди квота 2.10 дека на средбата помеѓу Карлајл и Виган двата тима ќе дадат гол со додаток дека и во двете полувремиња ќе има барем по еден погодок.

Ридинг да постигне гол во првото полувреме и барем два на крајот на гостувањето кај Челтенхам е комбинација за која во Sport Life добивате квота од 2.15.

За мечот Фалкирк – Ливингстон во Шкотска, предлогот е да одиграте дека нема да биде нерешено и дека ќе паднат 2-4 гола. Ако има победник и бидат постигнати два, три или четири гола, имате добитна квота од 2.10.

Од женската ЛШ се нуди квота од 2.05 дека Челзи против Реал Мадрид во двете полувремиња ќе постигне од еден до три голови.

- Оглас -

Најнови вести