ЛА галакси ќе му понуди нов договор на Златан

Златан Ибрахимовиќ од декември ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со ЛА галакси. Искусниот шведски бомбардер најави дека би можел да се врати во Европа, најблиску е до Серија А, а има и понуди од Јужна Америка. За услугите на 38-годишниот Ибрахимовиќ уште има интерес, а сега се појави нова опција за него.

Имено, Галакси се надева дека ќе добие шанса да преговара со Златан околу нов договор, а понудата најверојатно ќе биде да остане уште една сезона.

„Имам договор со Златан да седнеме и да разговараме кога ќе заврши сезоната. Тој е зрел спортист и знам дека како возрасни ќе разговараме околу неговиот следен чекор, да ги разгледаме сите опции кои се добри за неговата кариера, но и за семејството. Ибрахимовиќ е единствен, нема сомнежи дека многу ни помогна со својот учинок, а фановите го обожаваат“, истакна генералниот менаџер на Галакси, Денис Клосе.

Ибрахимовиќ за екипата од Лос Анџелес постигна 53 гола во две сезони, од кои 30 ги реализира во регуларниот дел од актуелната сезона. Галакси претрпе елиминација во разигрувањата од градскиот ривал Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести